Top Sport

Торино се реши за Мацари, сопругата го сака „циганот“ Михајловиќ

Италијанскиот прволигаш Торино, официјално го постави Валтер Мацари како нов тренер, откако го отпушти Синиша Михајловиќ по 2:0 поразот во италијанскито куп од Јувентус.

„Новиот тренер Валтер Мацари, на кого претседателот Урбано Каиро му посакува добредојде и добра среќа, ќе работи на затворениот тренинг на ‘Стадио Филаделфија’ со тимот“, се вели во соопштението на Торино.

Мацари во својата кариера беше тренер на Интер, Наполи и Сампдорија, а последниот ангажман му беше минатата сезона како тренер на премиерлигашот Ватфорд.

Сопругата на Михајловиќ, познатата водителка Аријана Рапачони пак на Твитер им одговори на критичарите на Србинот, откако во вторникот од трибините навивачите на Јувентус му довикуваа „циган, циган“.

„Јавно ги осудувам сите кои мислат дека луѓето родени во Србија се цигани. Не можам ништо против нив, но тебе можам да ти порачам дека си ми омилениот циган“, напиша Рапачони.

Scroll to Top