Top Sport

Федерер и Бенчич ја однесоа Швајцарија во финалето

Роџер Федерер забележа уште две победи за да помогне Швајцарија да го освои Хопман купот по 3:0 победа над САД.

36-годишниот Швајцарец прво го надмина тешкиот предизвик од Џек Сок за да победи со 7:6(5)/7:5 во сингл мечот, пред заедно со Белинда Бенчич да ги совлада Сок и Коко Вандевеге со 4:3(3)/4:2. Бенчич со 7:6(6)/6:4 ја победи Вандевеге, за да ги елиминира минатогодишните финалисти САД.

Швајцарија победи во сите девет меча во Перт, и најверојатно ќе игра со Германија во финалето. Швајцарците имаат две титули од турнирот во мешани двојки, поседен пат во 2001 година, кога Федерер играше со сега пензионираната Мартина Хингис.

Scroll to Top