Top Sport

Торино се спаси од пораз во Емполи

Фудбалерите на Емполи и Торино одиграа 2:2, во првиот меч од саботната програма во Серија А.

Домашните водеа по првото полувреме со голот на Луперт, а Марин во 69. минута го удвои водството.

Сепак, тоа не беше доволно за Емполи, бидејќи Торино, во финишот во само три минути постигна два гола, преку Ричи во 82. и Санабрија во 85.минута.

Интересно на денешен ден во 2019 година, Санабрија го постигна својот прв гол во Серија А.

Емполи и понатаму е на 10. место со 26 бодови, додека Торино е на осмото место со бод повеќе.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');