Top Sport

Торино со рутинска победа над слабата Сампдорија

Иван Јуриќ, по се изгледа, го стабилизираше тимот на Торино, откако во вечерниот саботен меч тие стигнаа до рутинска 3:0 победа над слабата Сампдорија за да се искачат на 11. место на табелата.

Денис Прет во 17. минута донесе водство за домаќините, пред Вилфрид Синго од класичен контранапад да зголеми на 2:0 во 52. минута, по што гостите драстично го спуштија своето темпо на игра, а Адријан Силва во 67. минута доби црвен картон за да им ја олесни работата на Торино. Андреа Белоти во 93. минута стави точка на натпреварот.

Ова е четврта победа на Торино оваа сезона, со која се на 11. место со 14 поени, додека Сампдорија се опасно до зоната за испаѓање со 9 поени на 15. место.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top