Top Sport

Торино во „слободен пад“, Лече со прва домашна победа ги растури со 4:0 (видео)

На „биковите“ не им оди во 2020 година, тоа е јасно. Торино го забележа третиот пораз во низа во Серија А од почетокот на годината, кој заедно со елиминацијата од Копа Италија, поставува огромен притисок на тренерот Валтер Мацари.

Овојпат, една недела по понижувачкиот пораз од 0:7 дома од Аталанта, дојде неверојатниот 4:0 пораз од Лече, тим кој се бори за опстанок.

Гостувањето во јужна Италија започна лошо за Торино, откако веќе во првите 19 минути губеа со 2:0, Дејола и Барак беа стрелци за Лече. Во второто полувреме, Фалко и Лападула (од пенал) само ставија сол на раната.

Торино со поразот се на 12. место на табелата со 27 поени, додека Лече со драгоцените три поени излегува од зоната за испаѓање – тие се на 17. место со 19 поени, три повеќе од Џенова.

Scroll to Top