Top Sport

Торинскиот обвинител со нов скандал: Тоа е неизводливо, исто како Јуве да ја освои ЛШ

Јавниот обвинител од Торино, Чиро Санториело, кој беше на удар на навивачите на Јувентус откако се појави видео во кое признава дека ги „мрази Јувентус“ бидејќи е навивач на Наполи, повторно е главна тема на италијанските медиуми откако во ново видео се потсмева со „бјанконерите“.

Санториело го води случајот за лажно зголемување на цените на играчите на Јувентус за што може да добие дополнителна казна по таа со одземањето на 15 поени.

Овојпат во видеото тој се шегува: „Апсолутно неизводливо, исто како Јувентус да ја освои Лигата на шампионите“.

Италијанските медиуми шпекулирааат дека тој нема да биде присутен пред првото сослушување во случајот „Призма“ на 27 март за да избегне скандал за обвинителството.

Обвинителот во Торино во 2019 признал: Ги мразам Јувентус, навивам за Наполи!

Scroll to Top