Top Sport

Торонто ФЦ со првиот трофеј од МЛС лигата

Торонто ФЦ е новиот шампион од МЛС лигата, откако со 2:0 ги совладаа Сиетл саундерс во големото финале.

Торонто доминираше од почетокот на мечот, но и покрај неколку добри шанси не успеаја да го најдат патот до гокот на Саундерс. Џози Алтидор го „скрши“ отпорот по асистенцијата на Џовинко во 67. минута, за во последните секунди од мечот, Виктор Васкез да постигне гол за 2:0.

Трофејот доаѓа 11 години откако тимот се приклучи кон лигата и 364 дена по срцепарателниот пораз во првото финале, токму против Саундерс,  и сега Торонто се првиот канадски тим со титулата, која е трета оваа година – заедно со канадскиот шампионат и Супортерс шилдот.

Scroll to Top