Top Sport

НБА: Вестбрук ги „сруши“ Гризлис (видео)

Во еден од најинтересните мечеви од НБА лигата изминатата вечер, Оклахома Сити тандер со 102:101 го победи тимот на Мемфис гризлис.

Гризлис имаа предност од 11 поени на полувремето, пред во третата четвртина, гостите да ги преземат работите во свои раце и да успеат да израмнат до регуларниот крај. Во дополнителните пет минути  кои им припаднаа на Тандер. Расел Вестбрук имаше трипл-дабл – 20 поени, 14 асистенции и 11 скока.

Џејмс Харден со 48 поени ги предводеше Хјустон рокитс до 124:117 победа над Портланд. Победникот беше одлучен во последната четвртина во која Рокитс имаа 40 поени. Демијан Лилард постигна 35 поени, но тоа не беше доволно за победа на Портланд.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Вашингтон – Л.А.Клиперс 112:113

Њу Џерси – Мајами 89:101

Шарлот – Л.А.Лејкерс 99:110

Атланта – Орландо 117:110

Чикаго – Њујорк 104:102

Кливленд – Филаделфија 105:98

Милвоки – Јута 117:100

Мемфис – Оклахома Сити 101:102

Феникс – Сан Антонио 101:104

Портланд – Хјустон 117:124

Scroll to Top