Поранешниот велшки (и македонски) селектор, Џон Тошак влезе во остра критика на првата велшка фудбалска ѕвезда Герет Бејл, велејќи дека неговата „себична“ игра значи дека понекогаш Велс како да игра со 10 играчи.
Бејл помогна Велс да стигне до 1:1 реми против Хрватска во неделата, но Тошак смета дека тој не игра за својот тим, туку е „премногу индивидуален на теренот“. Со победи против Унгарија и Азербејџан, Велс би требало да се квалификува на Европското првенство, иако им е потребно Хрватите да ја победат Словачка.
Бејл доби повреда на мечот, која сигурно уште повеќе ќе ги зголеми критиките од навивачите на Реал Мадрид, иако селекторот Рајан Гигс вели дека се работи за грч, а не за повреда. Тошак, смета дека Бејл самиот е виновен за ова.
„Се сеќавам на еден претходниот дуел со Грција, имавме слободен удар од десната страна и Бејл шутна со надворешниот дел од копачката. Му кажав: ’Герет немој со таа техника – лигаментите отидоа’. Но, следниот слободен удар тој го направи истото, и постигна гол и го оставив да прави што сака. Мислам дека неговите повреди се дел од тој стил. Бејл не учествува во мечот подолго време, и одеднаш ќе се појави. Со него понекогаш е како да играш со 10 фудбалери“, вели Тошак.