Top Sport

Тошевски потпиша за Ростов

Напаѓачот на Работнички, Давид Тошевски (18), кариерата ја продолжува во рускиот клуб Ростов. Тошевски со Ростов потпиша петгодишен договор.

Тошевски е дете на Работнички минатат сезона одигра 21 натпревар постигна пет гола и забележа три асистенции. Тој е младински репрезентативец на Македонија.

Трансферот на официјалниот сајт го потврди и рускиот клуб Ростов.

Работнички не ја објави сумата за која талентираниот фудбалер замина во Ростов.

Според руските медиуми Ростов за напаѓачот шлатиле 900.000 евра.

Scroll to Top