Top Sport

Тотенхем без мака преку Њупорт (видео)

Тотенхем не дозволи уште едно изненадување од третолигашот Њупорт каунти совладувајќи го на Вембли со 2:0 во повторениот натпревар од четвртото коло на ФА купот.

Во првиот меч, Њупорт имаше водство до финишот на мечот, кога Хери Кејн спаси „срам“ на премиерлигашот, но во повторниот натпревар, Тотенхем не дозволи реприза на мечот.

Ден Батлер во 26. минута си постигна автогол, а осум минути подоцна Ерик Ламела стрелаше за Спарси да обезбедат пресметка со Рочдејл во петтото коло.

Scroll to Top