Top Sport

Тотенхем без Ромеро најмалку еден месец

Фудбалскиот клуб Тотенхем има уште еден проблем. Кристијан Ромеро заработи тешка повреда поради која ќе мора да отсуствува подолго време.

Аргентинскиот фудбалер се повреди на натпреварот минатиот викенд, против Евертон кога на полувремето ја напушти играта и не се врати на теренот.

Иако првично се мислеше дека станува збор за полесна повреда, се покажа дека станува збор за посериозна повреда на тетивата.

Менаџерот Ангелос Постеклогу откри дека Ромеро ќе отсуствува околу еден месец.

„Ромеро беше скениран и беше потврдено дека има истегнување на тетивата. Очекуваме да биде надвор од терените четири до пет недели“, рече Постекоглу.

Ромеро е осмиот повреден играч на Тотенхем, Постекоглу не може да смета на Иван Перишиќ, Родриго Бетанкур, Џејмс Медисон, Рајан Сесењон, Манор Соломон, Мики ван де Вен и Алфи Вајтмен.

Scroll to Top