Шансите на Тотенхем да се пласираат во четврт-финалето на Лигата на шампионите се сведени на теорија, откако по домашните 0:1 по првите 45 минути губат на гости кај РБ Лајпциг со 2:0. Аталанта пак, двапати поведуваше на „Месталја“ за на полувреме да отиде со 2:1 предност против Валенсија по домашната 4:1 победа.
Марсел Забицер им даде два гола на Тотенхем, во 10. и 21. минута да осигура мирно второ полувреме за тимот на Јулијан Нагелсман, во кое треба да се случи чудо за минатогодишниот финалист да се пласира понатаму.
И Аталанта е на само 45 минути од историското четврт-финале за клубот од Бергамо, откако на празната „Месталја“ беа досудени два пенали за нив, кои сигурно ги реализираше Јосип Иличиќ за 2:1 водство, откако домаќините претходно израмнија преку Кевин Гамеиро.
РБ ЛАЈПЦИГ – ТОТЕНХЕМ
ВАЛЕНСИЈА – АТАЛАНТА