Top Sport

Федерер по двегодишна легална битка ги доби иницијалите „РФ“ од „Најк“!

Швајцарската тениска легенда, Роџер Федерер по двегодишна легална битка со американскиот производител на спортска опрема „Најк“ успеа да го добие правото да ги користи своите стилизирани иницијали „РФ“.

Федерер во 2018 година потпиша договор со компанијата „UNIQLO“ вреден над 300 милиони долари откако во поголемиот дел од кариерата беше спортист на „Најк“, кои тврдеа дека стилизираното лого е нивна интелектуална сопственост. Самиот Швајцарец во 2018 изјави дека очекува борба, но се надеваше дека ќе биде пократка.

„Се надевам дека ќе се случи побргу, дека ’Најк’ ќе бидат фини и ќе соработуваат во процесот. Тоа е многу важно за мене и за моите фанови. Но, еден ден ќе се реши. Тоа се моите иницијали, сосема мои и добрата работа е што не се нивни засекогаш“, изјави Федерер на Вимблдон во 2018 година.

Scroll to Top