Top Sport

Тотенхем без Сон против Ливерпул

Хонг мин Сон, напаѓачот на Тотенхем, доживеа непријатна повреда поради која мораше предвреме да го напушти натпреварот против Марсеј.

Репрезентативецот на Јужна Кореја доби удар во окото по дуелот со Шансел Мбемба. Веднаш се појавил голем оток, а левото око му било целосно затворено. Тој ја напушти играта во првото полувреме и на негово место влезе Ив Бисума.

Тотенхем победи со гол во последните секунди (2:1) и обезбеди место во осмина-финалето.

„Во моментов не можеме да дадеме точна прогноза дали ќе се опорави до натпреварот против Ливерпул во Премиер лигата. Сон се чувствува добро, но ударот беше силен и има голем хематом. Никаде не брзаме. Само доколку биде целосно фит, Сон ќе му се стави на располагање на тренерот Конте“, соопштија од лекарскиот тим на Тотенхем.

Тотенхем ќе го пречека Ливерпул во недела, натпреварот ќе започне во 17:30 часот.

Scroll to Top