Тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино, замената за Киран Трипие кој се пресели во Атлетико Мадрид ја бара во италијанската Серија А. Покетино мора да донесе уште еден десен бек бидејќи по заминувањето на Трипие на таа позиција го има само Серж Орие.
Новинарот Џанлука ди Марко пишува дека Тотенхем покажале интерес за двајца играчи од кои еден сигурно ќе пристигнел во Лондон. Тоа се Алесандро Флоренци капитенот на Рома и Елсеид Хисај од Наполи.
Интересно интерес за овие двајца покажуваа и челниците на Атлетико, но на крајот се решија да потпишат со Трипие.
На трансфер пазарот Флоренци вреди 30 милиони евра и тој е првиот пик на Покетино, иако во текот на кариерата често имал проблеми со повредите.
Доколку не им успее работата со Флоренци, тогаш ќе се насочат кон Хисај кој е проценет на 25 милиони евра.