Top Sport

Тотенхем доби „подарок“ во 94. минута за победа над Астон вила! (видео)

Тотенхем стигна до неверојатна 3:2 победа на гостувањето во Бирмингем кај Астон вила, откако и покрај фантастичната игра на домашниот тим, неверојатна грешка во 94. минута на Енгелс му дозволи на Хеунг-Мин Сон да постигне гол за три поени.

Возбудливиот меч почна со автогол на Тоби Алдервајрелд уште во деветтата минута од мечот, но тој веднаш се врати со убав гол во 27. минута за израмнување на „Вила парк“. Тотенхем во финишот на полувремето добија совршена шанса да израмнат од белата точка. Ударот на Хеунг-Мин Сон беше одбранет, но во повторениот обид тој успеа да го совлада голманот.

Во второто полувреме Бјорн Енгелс во 53. минута израмнува за Вила со убав удар со глава и кога се мислеше дека мечот ќе заврши со (заслужено реми), истиот фудбалер прави грешка во 94. минута по која Сон не греши.

Scroll to Top