Тотенхем со Антонио Конте води во трката за потписот на Душан Влаховиќ, тврдат англиските медиуми. Конкуренти на Тотенхем му се Арсенал. Манчестер сити и Јувентус. Фиорентина за напаѓачот бара 80 милиони евра.
Договорот на Влаховиќ истекува во јуни 2023 година, тој сигурно ќе го напушти клубот во летниот преоден рок, но нема да биде изненадување доколку неговиот трансфер се случи веќе на почетокот на годината.
Се шпекулираше дека Јувентус се фаворити за неговиот потпис, но Фиорентина ќе направи се само тој да не замине во редовите омразениот ривал.
Медиумите претпоставуваат дека доколку Влаховиќ се пресели во Тотенхем, дека Хари Кејн ќе го напушти клубот.