Top Sport

„Тотенхем е најсмешниот клуб во светот, имаат празна трофејна сала“

Челниците на Тотенхем во април 2021 година му врачија отказ на португалскиот тренер Жозе Мурињо. Во тој период Тотенхем се наоѓаше на седмото место, што за првиот човек Даниел Леви беше неуспех.

Сепак отказот беше неочекуван бидејќи дојде неколку дена пред финалето на Лига купот против Манчестер сити.

Португалецот, како гостин во еден подкаст се потсети на ој период.

„Најсмешниот клуб во мојата кариера? Клуб кој има празна соба за трофеи и ме отпушти два дена пред финалето. Тотенхем никогаш не освоил ништо. Пред 50 години беше нешто? Добро, сепак не се сеќавам на тоа. Ме отпуштија два дена пред финалето“, изјави Мурињо и потоа додаде:

„Сега сум во Рома. Поинаков профил на клуб и поинаква амбиција. Навистина уживам. Ми се допаѓа овде“.

За потсетување, Манчестер сити го победи Тотенхем со 1:0, во финалето на Лига купот во 2021 година.

Scroll to Top