Тотенхем се подготвени да ги понудат Џовани Ло Селсо и Танги Ндомбеле за да го добијат Дејан Кулушевски од Јувентус според „Ла газета дело спорт“.
По пристигнувањето на Антонио Конте во северен Лондон, се зголемија шпекулациите дека тој сака голем број на засилувања од Серија А, а засега разочарувачкиот Кулушевски бил водечка цел. Швеѓанецот со македонско потекло има само четири меча во Серија А оваа сезона, а за него беа заинтересирани и Арсенал и Тотенхем.
Јувентус бараат високи 30 милиони фунти за Кулушевски, така што Конте решил да ги понуди Ндомбеле и Ло Селсо, кои не го импресионирале. Кулушевски има договор со Јувентус до летото 2025 година.