Фудбалскиот клуб Тотенхем казни 48 навивачи кои им ги продале билетите на симпатизерите на Црвена ѕвезда за натпреварот во Лигата на шампионите.
УЕФА на навивачите на Црвена ѕвезда им го забрани пристапот за натпреварот во Лондон, откако го казни клубот поради расистички испади. Сепак на стадионот на Тотенхем имало околу 200 навивачи на белградскиот клуб.
Тотенхем спровеле интерна истрага по која казниле 48 навивачи, на кои ќе им бил забранет пристапот на натпреварите на клубот.
УЕФА размислувале дали треба да покренат постапка против клубовите.