Top Sport

Тотенхем ги продаваат Деле Али и Ло Селсо

Антонио Конте ги исфрли Деле Али и Џовани Ло Селсо од својот тим за мечот со Челси, зголемувајќи ги шпекулациите дека Тотенхем сакаат во јануари да ги продадат двајцата фудбалери, тврди порталот „Гол“.

Двајцата се поврзувани со трансфери од Тотенхем под Антонио Конте, кој е јасно дека не смета на нив, а Аргентинецот Ло Селсо потврди на социјалните мрежи дека не се работи за повреда и дека се чувствува „100 отсто подготвен“.

По 2:0 поразот од Челси, Конте одби да каже што следува со Али.

„Не сакам да коментирам за одредени играчи. Клубот треба да ја направи најдобрата одлука. Имаме спортски директор и претседател на клубот кои ги носат одлуките. Клубот знае какви фудбалери ми се потребни и што мислам за тоа. Со еден преоден рок нема да се решат сите проблеми“, изјави Конте.

Scroll to Top