Top Sport

Тунис со преполовен тим ја елиминираше Нигерија

Тунис е вториот четврт-финалист на Африканскиот куп на нации во Камерун, откако и покрај тоа што им недостасуваа селекторот и 10 фудбалери со позитивни КОВИД тестови 1:0 ја совладаа фаворизираната Нигерија во Гаруа.

Јусуф Мсакни постигна гол од огромна далечина во 47. минута од мечот за водство на Тунис, а Нигерија потоа беше ослабена по директниот црвен картон на Алекс Ивоби во 64. минута.

Тунис во четврт-финалето ќе игра со репрезентацијата на Буркина Фасо, која денеска по изведувањето на пенали го елиминираше Габон.

Scroll to Top