Top Sport

Тотенхем го добија Ришарлисон за 60 милиони фунти!

Трансферот на бразилскиот напаѓач Ришарлисон од Евертон во Тотенхем е завршен за 60 милиони фунти, тврдат британските медиуми откако фудбалерот влегол во конфликт со својот поранешен тим.

Според „Дејл мејл“, трансферот веќе е регистриран кај Премиерлигата, која претходно постави краен рок од 30 јуни за Евертон да ги исполнат барањата за „финансиска оддржливост“ откако го надминале дозволениот долг во последните три години. На клубот од Ливерпул му биле потребни најмалку 50 милиони фунти приходи за да ги подмират долговите во финансиската година, и реално само со продажба на својот најдобар фудбалер можеле да стигнат до сумата.

Ришарлисон ќе биде најголемото засилување за тимот на Антонио Конте во летниот преоден рок, откако Бразилецот постигна 53 гола во 152 настапи за Евертон по трансферот од Вотфорд за 50 милиони фунти во 2018 година.

Scroll to Top