Top Sport

Тотенхем го купија голманот на Емполи, Викарио

Тотенхем го потврдија трансферот на голманот на Емполи, Гуљелмо Викарио, кој потпишува петгодишен договор со премиерлигашот по трансферот вреден 20 милиони евра.

26-годишниот Викарио треба да биде замна за капитенот Иго Љорис, кој има уште една година од договорот и призна претходно овој месец потврди дека размислува за трансфер во Ница. Тотенхем прво се обидоа да го добијат Давид Раја од Брентфорд, но тие бараа 40 милиони фунти за трансферот

Викарио се приклучи на Емполи од Каљари во 2021, првично на позајмица, пред тие да го откупат неговиот договор минатото лето. Тој имаше 32 настапи за Емполи минатата сезона, а првпат беше повикан од италијанскиот селектор Роберто Манчини за мечевите од Лигата на нации, но остана на клупата.

Scroll to Top