Top Sport

Тотенхем го купува талентот на Хајдук, Лука Вушковиќ

Хајдук ќе го продаде својот најголем талент, дефанзивецот Лука Вушковиќ на Тотенхем за над 10 милиони евра, тврди специјалистот за трансфери Фабрицио Романо.

За 17-годишниот Вушковиќ претходно имаа интерес и Манчестер сити и Пари Сен-Жермен, но дефанзивецот сакал трансфер во Тотенхем. Се верува дека хрватскиот младински репрезентативец да остане во Хајдук до зимскиот преоден рок, а потоа да биде позајмен додек не наполни 18 години.

Хајдук со овој трансфер може да го урне сопствениот рекорд од 2017 година, кога за Никола Влашиќ Евертон плати 10.8 милиони евра.

Scroll to Top