Top Sport

Хотелот на Роналдо во Маракеш нуди засолниште за настраданите во земјотресот

Хотелот „Пестана ЦР7“ во Маракеш, Мароко, во сопственост на фудбалската суперѕведа Кристијано Роналдо е отворен за луѓето кои бараат засолниште по кататрофалниот земјотрес во петокот.

Планинскиот регион на Високиот Атлас во петокот беше погоден од земјотрес од 6.8 степени, во кој животот го загубија над 2.000 луѓе, а илјадници останаа без покрив над главата. Напаѓачот на саудискиот Ал-Наср, ги отвори вратите на својот хотел од 174 соби, кој се смета за еден од најлуксузните во Маракеш, за тие на кои им е потребна помош, јавуваат локалните медиуми.

Стариот град Маракеш, кој е заштитн од УНЕСКО, е најпогоден од земјотресот со повеќе целосно урнати згради, а тесните улици го прават спасувањето уште потешко.

Scroll to Top