Top Sport

Тотенхем го „мерка“ Лирој Сане

Освојувањето на Лига Европа му обезбеди на Тотенхем место во Лигата на шампионите, сега тимот треба да се засили за следната сезона.

Прв на листата на желби е Лерој Сане, 29-годишниот крилен напаѓач на Баерн чиј договор со Баварците истекува во јуни.

Германскиот репрезентативец би можел да дојде во англискиот клуб без обештетување. Досега преговорите со Баерн не беа успешни.

Несогласувањето се случи бидејќи двете страни во преговорите имаат различни позиции кога станува збор за годишната плата, односно колку е фиксниот дел и колку би добивал во бонуси.

Сане ја започна својата кариера во Шалке, а во летото 2016 година се пресели во Манчестер сити. По четири сезони во Англија, се врати во Германија и во јули 2020 година потпиша за Баерн, кој плати обештетување од 49 милиони евра за него.

Оваа сезона, тој постигна 13 гола и шест асистенции во сите натпреварувања. Според „Трансфермаркт“, Сане вреди 38 милиони евра.

Scroll to Top