Фудбалскиот клуб Тотенхем објави дека од Бетис го откупиле договорот на Аргентинецот Џовани Ло Селсо.
Репрезентативецот на Аргентина во август минатата година пристигна во Лондон на позајмица, со право на откуп. Тотенхем ја искористи можноста и шест месеци пред истекот на позајмицата потпишаа договор со Ло Селсо.
Според англиските медиуми трансферот изнесува 27 милиони фунти. Ло Селсо потпишал договор до јуни 2025 година.