Top Sport

Тотенхем го откупи договорот на Ромеро

Три дена пред истекот на преодниот рок Тотенхем решија од Аталанта да го откупат договорот на Кристијан Ромеро. Аргентинецот минатото лето се пресели на позајмица во Лондон. Тотенхем имале обврска да го откупат за 50.000.000 евра и тоа претпладнево и го направија.

Трансферот на Ромеро е трет најскап во клупската историја. Повеќепари Тотенхем издвоил само за Ндомбеле (60.000.000) и Ришарлисон (58.000.000).

Со овие 50.000.000 евра вложени за откуп на договорот на Ромеро, во овој преоден рок Тотенхем потроши 170.000.000 евра. Никогаш порано во историјата, Тотенхем не потрошиле скоро толку пари. Претходниот рекорд датира од 2013 година кога вложија 122.000.000 евра при доаѓањето на седум фудбалери.

 

Scroll to Top