Ангелос Постекоглу повеќе не е тренер на Тотенхем, откако челниците на клубот решија да му врачат отказ.
Постекоглу го водеше Тотенхем две години.
Во сезоната што штотуку заврши, тој го предводеше тимот до трофејот во ЛигаЕвропа, а со тоа избори пласман во Лигата на шампионите.
Постекоглу му го донесе на Тотенхем првиот трофеј од 2008 година, сепак, дури ни тој факт не изгледаше доволен за да ја задржи работата.
Разделбата на австралискиот тренер и клубот од северен Лондон дојде две години пред истекот на договорот.
Управата на Тотенхем се одлучи за тој потег откако тимот го заврши натпреварувањето во Премиер лигата на 17-та позиција. Постекоглу го одржа „ветувањето“ дадено на есен – дека секогаш ќе освојува трофеј во својата втора сезона, каде и да работеше.
Тотенхем му се заблагодари за тој успех, но исто така одлучи да оди во поинаква насока.
Постекоглу претходно ги водеше Селтик, Јокохама Фронтале Маринос, австралиската репрезентација и неколку клубови од таа земја. Како можен наследник се споменува Томас Франк од Брентфорд.