Top Sport

Тотенхем го „прибираат“ спортскиот директор на Барса, Алемани

Тотенхем се заинтересирани да го ангажираат досегашниот спортски директор на Барселона, Матеу Алемани како замена за Фабио Паратичи, кој доби отказ по вмешаноста во финансиските скандали на неговиот поранешен клуб, Јувентус.

Денеска беше потврдено дека Деко ја презема позицијата на спортски директор на клубот, додека Алемани, кој му беше еден од најблиските соработници на претседателот Жоан Лпорта, заминува на 2 септември. Алемани првично беше пред трансфер во Астон вила, но потоа изјави дека ќе остане „долго време“ во Каталонија.

Алемани претходно работеше како спортски директор во Валенсија, каде што помогна да се освои титулата од Копа дел реј во 2019 година.

Scroll to Top