Top Sport

Чави и Рафиња добија казна од два меча

По контроверзниот меч против Хетафе, Барселона доби уште лоши вести, откако тренерот Чави Ернандез и Рафиња добија суспензија од два меча за црвените картони на тој меч.

Рафиња беше пратен во соблекувалната по обидот да го удри дефанзивецот на Хетафе, Гастон Алварез со лакт, додека во второто полувреме Чави доби црвен картон за постојаните коментари кон четвртиот судија. Според „Релево“, двајцата ќе паузираат по два меча, односно на дуелите со Кадиз и Вилјареал.

Чави помина „лесно“, бидејќи останал на влезот на тунелот долго по црвениот картон, но дисциплинската комисија се решила да го казни на само два меча.

Scroll to Top