Top Sport

Тотенхем и без засилувања со три поени од Њукасл (видео)

Тотенхем беше единствениот англиски премиерлигаш кој не се засили во летниот преоден рок, но тимот на Маурисио Почетино немаше проблем да ја стартува новата сезона во Премиер лигата со 2:1 победа на гостувањето кај Њукасл јунајтед.

Спарси дојдоа во водство уште во осмата минута кога по корнер, Фертонген беше најснаодлив во мешаницата со удар со главата. Меѓутоа, домаќините не беа подготвени да се предадат и само три минути подоцна по една висока топка, Шпанецот Хоселу го совладува немоќниот Иго Љорис.

Бурните први 20 минути ги комплетира, Деле Али, кој во 18. минута по една брза акција, ја користи слабоста на одбраната на Њукасл за да го врати водството.

По овој бурен старт, играта се стабилизираше, и Тотенхем не дозволи домаќините да ја искористат иницијативата.



Scroll to Top