Тотенхем и Евертон ја продолжија битката за место кое води во европските купови, откако стигнаа до минимални победи над противници кои грчевито се борат за опстанок во Премиер лигата – Тотенхем кај лондонските соседи Фулам победија со 0:1, а Евертон со идентичен резултат славеше кај Вест Бромвич Албион.
На „Крејвен котиџ“ препородениот Деле Али во 19. минута од мечот упати удар, кој од нозете на Абдул-Насир Адарбиојо заврши во голот. Фулам постигнаа гол во 62. минута од мечот, кој беше поништен поради играње со рака, и се обидуваа грчевито до последните моменти да стигнат до израмнување. Ова е победа на Жозе Мурињо над својот поранешен играч во Челси, Скот Паркер.
На „Хоторнс“ пак, Ришарлисон со гол во 65. минута донесе нови три поени за Евертон на Карло Анчелоти, и ги намали шансите на Вест Бром да останат во елитата.
По 29. кола, Евертон се искачи на четвртото место на табелата со 46 поени, Тотенхем се осми со четири поени помалку. На дното пак, Фулам остануваат 18-ти со 23 поени, три под зоната за испаѓање, додека ВБА се 19-ти со само 17 поени.