Top Sport

Тотенхем и Јувентус во трката за потписот на Миленковиќ

Тотенхем и Јувентус се обидуваат ова лето да го „грабнат“ дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ, тврди италијанскиот весник „Ла национе“.

23-годишниот српски интернационалец одамна е на метата на Јувентус, меѓутоа нивниот поранешен спортски директор Фабио Паратичи, кој сега е на истата позиција во Тотенхем се обидува да ги убеди Виола да им го продадат ним наместо на лутиот италијански ривал.

Миленковиќ дојде во Фиренца од Партизан во јули 2017, кога потпиша петгодишен договор со Виола, што значи дека договорот му трае само до крајот на следната сезона. Тој има 133 одиграни мечеви за Фиорентина и 11 постигнати голови.

Scroll to Top