Top Sport

Голем број на фудбалери во Премиер лигата одбиваат да се вакцинираат

Премиер лигата и Англиската фудбалска лига (ЕФЛ), организацијата која ги опфаќа следните три лиги по ранг во Англија, се загрижени дека стартот на новата сезона ќе биде попречен со тоа што голем број на фудбалери одбиваат да ја примат вакцината за корона вирусот.

Сезоната во ЕФЛ започнува веќе во петок, додека Премиер лигата стартува една недела подоцна, и според „Сан“, поради различни причини голем број на фудбалерите одбиваат да бидат вакцинирани.

„Знаеме дека постојат различни размислувања, но тоа предизвикува голема фрикција во соблекувалната. Фудбалерите одбиваат да бидат вакцинирани, но потоа ќе предизвикаат големи проблеми со позитивните случаи“, изјавил еден член на англиски второлигаш за „Сан“.

Манчестер јунајтед неодамна го откажа пријателскиот меч со Престон, кога дел од фудбалерите и придружниот персонал беа позитивни на КОВИД-19, што значи дека имаат само четири пријателски мечеви пред стартот на сезоната. ПЦР тестовите подоцна покажаа дека никој од фудбалерите не е позитивен.

Scroll to Top