Тотенхем не се откажува од трансферот на Николо Заниоло и покрај тоа што Рома ја одби првата понуда. Тотенхем се подготвува за нов напад, медиумите на Апенините пишуваат дека од Лондон понудиле 35.000.000 евра за Заниоло.
Со доаѓањето на Паоло Дибала многумина се надеваа дека Заниоло може да си замине, но Жозе Мурињо не сака така лесно да се откаже од него.
И Јувентус се обидува да го донесе во своите редови, но Рома нема намера така лесно да се откаже од удлугите на талентираниот напаѓач.
Антонио Конте долго време го посакува Италијанецот и веројатно е дека Тотенхем ќе продолжи да притиска, но преговорите ќе бидат долги бидејќи Рома наводно не сака да го пушти под 45.000.000 евра.