Англиските медиуми со месеци шпекулираат дека Хари Кејн би можел да го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Кејн го губел трпението бидејќи клубот не бил конкурентен во борбата за трофеи.
Не е тајна дека неколку клубови би сакале да го имаат Кејн во своите редови, пред сите клубовите од Манчестер.
Тотенхем нема да му биде пречка на Кејн доколку сака да замине, а ко што пишува „Сан“, клубот ја одредил цената за напаѓачот.
Доколку некој го сака Кејн ќе мора да плати 175 милиони фунти.
Во случај за оваа сума Кејн да замине од Тотенхем, тоа ќе биде вториот најскап трансфер во историјата на фудбалот.