Тотенхем не се откажуваат од обидот да го добијат српскиот напаѓач на Фиорентина, Душан Влаховиќ, зголемувајќи ја понудата на 60 милиони евра плус бонуси, јавува „Спорт Италија“.
Влаховиќ постигна два гола против Козенца во меч од Копа Италија во петокот, откако минатата сезона постигна 21 гол во Серија А и газдата Роко Комисо сака да го заддржи во клубот, барајќи високи 70 милиони евра за него.
Според „Спорт Италија“, Комисо може да биде убеден да ја прифати оваа понуда, посебно поради бонусите, но поради тоа што клубот е заинтересиран и за Никола Миленковиќ. За Влаховиќ се заинтересирани и Атлетико Мадрид, но Тотенхем се во пол-позиција во потрагата по напаѓач ако евентуално Хери Кејн замине во Манчестер сити.