Top Sport

Сунес безмилосен: Погба имаше четири асистенции? Очекувано!

Легендата на Ливерпул, Греем Сунес не го сака Пол Погба. Тоа беше очигледно во низа интервјуа во последните неколку години, но овојпат можеби најдиректно ја покажа антипатијата кон фудбалерот на Манчестер јунајтед.

Коментирајќи за вчерашниот меч помеѓу Јунајтед и Лидс, во кој Погба имаше четири асистенции, а Бруно Фернандеш даде хет-трик, Сунес најмногу бил импресиониран од Мејсон Гринвуд. Кога неговиот ко-коментатор Мајка Ричардс го потсети дека Погба имаше четири асистенции, тој беше едноставно брутален.

„Тоа е очекувано од играч кој вреди 100 милиони“, одговори смирено Сунес.

Погба или Сунес? Одлучете сами (видео)

Погба му одговори на Сунес: Кој е тој? Некој фудбалер?

Сунес без милост: Погба е како учениче кое трча по топката!

Scroll to Top