По одличната победа над шампионот Манчестер сити во првиот меч од новата сезона во Премиер лигата, „студен туш“ за Тотенхем во европските натпреварувања, откако тимот на Нуно Еспирито Санто загуби со 1:0 на гостувањето во Португалија кај Пакос де Фереира во првиот меч од баражот за влез во Конференциската лига на УЕФА.
Единствениот гол на мечот падна во финишот на првото полувреме, откако португалскиот клуб успеа да ја измами одбраната на Тотенхем, а Лукас Силва лесно го совлада Иго Љорис за интересен реванш во Лондон.
Ријека имаше 1:0 водство до самиот финиш на мечот во Солун, но на крајот ПАОК успеа да израмни на 1:1 во уште еден двомеч каде исходот е неизвесен. Белгискиот Андерлехт и холандскиот Витесе одиграа трилер-меч со 6 гола кој заврши 3:3, додека Рен со 2:0 го совлада Розенборг, а Феенорд го декласираше шведскиот Елфсборг со 5:0.
КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА НА УЕФА, БАРАЖ, 1.МЕЧ
Андерлехт (Бел) – Витесе (Хол) 3:3
Феенорд (Хол) – Елфсборг (Шве) 5:0
Јаблонец (Чеш) – Жилина (Свк) 5:1
ПАОК (Грц) – Ријека (Хрв) 1:1
Рен (Фра) – Розенборг (Нор) 2:0
Сиваспор (Тур) – Копенхаген (Дан) 1:2
Пакос де Фереира (Пор) – Тотенхем (Анг) 1:0
Санта Клара (Пор) – Партизан (Срб) 22.30 ч.