Top Sport

Бено Удрих го засили Жалгирис

Словенецот Бено Удрих ги засили редовите на литванскиот шампион Жалгирис од Каунас.

Удрих е плејмејкер со огромно НБА искуство, со екипата на Сан Антонио Спарс има освоено две титули во 2005 и 2007 година.

Плејмејкерот во НБА лигата мина 13 сезони, а покрај за Сан Антонио играч и во Сакраменто, Милвоки, Мемфис, Детроит, Мајами, Њујорк и Орландо.

Во Европа овој 35-годишен кошаркар го носел дресот на Хопси Ползела, Олимпија, Макаби, Саратов и Армани Милано.

Scroll to Top