Top Sport

Тотенхем-Милан ќе стартува 10 минути подоцна поради сообраќајот, тифозите веќе пристигнаа

Реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите помеѓу Тотенхем и Милан вечерва ќе стартува 10 минути подоцна од предвидениот термин по барање на гостите од Италија поради метежот во британската метропола.

Поради слична причина вчера мечот Челси-Борусија Дортмунд исто така почна со 10-минутно задоцнување. Милан има 1:0 предност од првиот меч.

Популарните „Curva Sud“ навивачи на Милан веќе се на стадионот откако приредија мало шоу на патот до стадионот.

Scroll to Top