Top Sport

Вест хем заинтересирани да го сменат Мојс со Керик

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, а сега менаџер на второлигашот Мидлзборо, Мајкл Керик е прв фаворит да го замени Дејвид Мојс во Вест хем ако продолжи лошата серија резултати на „чеканите“, тврди „Тајмс“.

Вест хем, откако последните неколку сезони редовно се бореа за европски фудбал, во моментов се на 16. место на табелата со само еден поен од зоната за испаѓање, а во саботата загубија со 4:0 од Брајтон. Со само шест победи во 25 меча во Премиерлигата, првпат работата на Мојс е под закана, и според „Тајмс“ остнува реална можност Шкотланѓанецот да доби еотказ.

Керик, пак, изненадува со одличната работа со Мидлзборо. Крис Вајлдер беше отпуштен по само 11 меча бидејќи клубот падна во зоната за испаѓање, по што Керик успеа да го крене Боро на третото место во Чемпионшип со седум поени зад Шефилд јунајтед на второто место.

Scroll to Top