Top Sport

Тотенхем му се одмазди на Арсенал, Челси со малку среќа против Бурнемаут (видео)

Тотенхем стигна до импресивна 2:0 победа на гостувањето кај Арсенал во четврт-финалето на англискиот Лига куп, за слатка одмазда над ривалите од северен Лондон.

Пред две недели, Тотенхем доживеа еден незгоден пораз од Арсенал од 4:2 во Премиер лигата и покрај тоа што водеше со 1:2 до последните 15-тина минути од мечот.

Овојпат на „Емирати“, прво Сон Хеунг-Мин во 20. минута, па Деле Али во 60. минута обезбедија пласман во полуфиналето на Лига купот.

Во полуфиналето се и Челси, откако Еден Азар ги „спаси“ со гол во 84. минута против Бурнемаут. Белгиецот уште еднаш се покажа како клучен фудбалер за тимот на Маурицио Сари, иако мора да се признае имаше и малку среќа кога го постигна голот.

Вчера пласман во полуфиналето успеаја да обезбедат Манчестер сити и најголемото изненадување, третолигашот Бартон.

Фото: ЕПА

Scroll to Top