Нуно Еспирито Санто повеќе не е менаџер на Тотенхем. Португалецот на клупата на клубот од северен Лондон се задржа само четири месеци. Лошата форма на тимот, безидејноста во играта и лошите резултати му пресудија на Санто.
Почетокот на сезоната беше добар за Тотенхем, тимот победи на првите три натпревари. Од тој момент започна лошата серија, во наредните седум кола, Тотенхем доживеа пет порази и забележа само две победи во Премиер лигата.
На Португалецот му пресуди поразот од Манчестер јунајтед, во саботата. Медиумите и претходно го најавуваа ова сценарио, меѓутоа од клубот тврдат дека до поразот од јунајтед, никој не размислувал за прекин на соработката со менаџерот.
Покрај Нуно Еспирито Санто, Тотенхем се раздели и со неговите помошници Јан Катро, Руи Барбоса и Антонио Дијаз.
Медиумите како нов менаџер на Тотенхем го најавуваат трофејниот тренер, Антонио Конте.