Тимо Вернер го постигна својот прв гол за Челси, но тоа не беше доволно „сините“ да го минат Тотенхем во Англискиот лига куп, откако и покрај доминацијата, Спарси успеаја да израмнат и на крајот да ги елиминираат лутите ривали по изведувањето на пенали.
Вернер во март го постигна единствениот гол за Лајпциг при 1:0 победата во осминафиналето на Лигата на шампионите, за вечерва да го повтори успехот против Спарси, кои очигледно добро му лежат.
Во 19-тата минута откако Цезар Азпиликуета го „уништи“ Серхио Регуилон, му ја даде топката на Вернер на работ на шестнаесетникот и тој не му даде шанса на Иго Љорис да интервенира. Челси имаа повеќе од играта во остатокот од мечот, но Ерик Ламела во 83. минута успеа да израмни за Тотенхем, а по регуларните 90 минути веднаш се изведуваа пенали.
Сите беа прецизни во првите пет серии, пред Мејсон Маунт да ја погоди стативата и да ги исфрли „сините“ од натпреварувањето.
@masonmount_10 I forgive you. It happens to the best of us ? pic.twitter.com/jqgSNWS5up
— BigS (@Salah01_) September 29, 2020