Top Sport

Тотенхем не го крие интересот за Конор Галагер

Неколку англиски клубови го следата фудбалерот на Челзи, Конор Галагер, бидејќи неговиот актуелен договор со „сините“ истекува за 18 месеци.

Тотенхем во текот на летото се распрашуваше за Галагер, кој е стандарден оваа сезона во дресот на Челзи. Англичанецот често ја носи капитенската лента со оглед на тоа што Рис Џејмс пропушти голем број на натпревари.

Галагер може да игра на сите позиции во редот за врска, поради што менаџеорт Маурисо Покетино има голема доверба во него.

„Како тренер ми е тешко да ја коментирам таа ситуација – нејзиниот исход зависи од Конор и од челниците на клубот. Тие ќе одлучат, а јас можам да дадам свое мислење и да ги советувам. Многу сум задоволен од игрите на Галагер“, изјави Покетино.

Како играч од таков профил, тој е компатибилен со барањата на менаџерот на Тотенхем, Ангелос Постекоглу. Австралиецот претходно потврди дека Сингерс немаат премногу пари на располагање за да донесат засилувања, но средствата би можеле да се соберат со продажба на играчи кои имаат нешто помала минутажа.

Приоритет на Тотенхем во јануарскиот преоден рок е да донесе стопер бидејќи Мики Ван де Вен е повреден, а Постекоглу е незадоволен од дефанзивците кои можат да играат во тандем со Кристијан Ромеро. Главен кандидат е стоперот на Ница, Жан Клер Тодибо.

Scroll to Top