Тотенхем, Манчестер сити победија, а Барнли и Вулверхемптон одиграа нерешено во рамките на 36 коло, во Премиерлигата. Жозе Мурињо со Тотенхем победи во Њукасл благодарение на двата гола што ги поситгна Хари Кејн, Сити рутински се справија до Борнмут, а Вулвс кај Барнли испуштија победа во 96 минута.
Тотенхем славеа во Њукасл со 3:1. Хари Кејн постигна два гола во 60 и 90 минута, за него тоа се 200 и 201 гол во Премиерлигата. Претходно Спарс водеа со голот на Сон од 27 минута, а израмни су супер-гол Ричи во 56.
Напаѓачот на Вулвс Раул Хименез ја продолжи голгетерската серија, но неговиот гол кај Барнли во 76 минута не беше довлен неговиот тим да ги освои трите бода. Барнли израмнија преку Вуд од пенал во 96 минута.
Манчестер сити против Бортнмут победата ја обезбедија во првиот дел кога голови постигнаа Давид Силва и Габриел Жесус. Борнмут постигнаа гол преку Кинг во 59 минута кој беше поништен, а почесниот гол за давеникот го постигна Брукс во 88 минута.